31.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Светскиот рекорд ќе биде срушен? ПСЖ нуди 250 милиони евра за играчот кој ги „реши“ во финалето на Светско клупско првенство

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен во 2018 година за сума од 222 милиони евра уште е на врвот на најскапи трансфери во историјата на фудбалот. Осум години нема играч кој вреди повеќе од таа фамозна сума која беше исплатена за доаѓање на Нејмар во ПСЖ, но според некои најави, летово може да биде испишана историја.

Кол Палмер е јунакот на Челзи од финалето на Светското клупско првенство кој може да биде во центарот на вниманието на трансфер-пазарот. Најавите се дека за Палмер сега се интересира токму ПСЖ, тимот кој прими два гола од англискиот репрезентативец.

Шпекулациите се дека ПСЖ е подготвен да плати неверојатни 250 милиони евра за Палмер, а Челзи нема да може да ја одбие и нема да може да го задржи голгетерот.

 

- Оглас -

Најнови вести