Хрватска води со 2:1 во првите 45 минути во натпреварот од второто коло од групата Ф на Светското првенство во Катар.
Натпреварот започна шокантно за актуелниот светски вицешампион бидејќи Канада поведе со најбрзиот гол на Мундијалот во Катар. Алфонсо Дејвис во 68-та секунда го искористи одличното нафрлување од Бјукенен и го совлада голманот на Коцкестите, Доминик Ливаковиќ.
https://twitter.com/i/status/1596899240361742339
Ова беше прв гол што Канада го постигнува на Светските првенства. Канаѓаните на СП 1986 година доживеа три порази од Франција (1:0), Унгарија (2:0) и СССР (2:0), како и од Белгија (1:0) во првото коло на СП во Катар.
Хрватите брзо се созедоа по шокатниот гол на Дејвис, ја презедоа контролата на играта и како одминуваше времето го зголемуваше притисокот врз Канаѓаните и тоа резултира со два гола.
https://twitter.com/i/status/1596906390995734528
Прво Андреј Крамариќ во 36-та минута го израмни резултатот, а на една минута пред истекот на првиот дел, Марко Ливаја и донесе предност на Хрватска.
Watch: Croatia goes up with Livaja goal 2-1. pic.twitter.com/DLd3UhonGV
— Underdog Soccer (@Underdog_Soccer) November 27, 2022