Светските медиуми се против изборот на Меси: Ова е скандал и фарса во режија на ФИФА

Лионел Меси синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за 2023 година, но поголемиот дел од светските медиуми сметаат дека со тоа е нарушен кредибилитетот на светската куќа на фудбалот.

Меси, кој во 2023 година не освои ниту еден трофеј и од ПСЖ се пресели во МЛС-лигата и го облече дресот на Интер Мајами, во изборот на ФИФА победи пред Ерлинг Халанд, кој со Манчестер сити минатата година ги освои речиси сите трофеи кои можеа да се освојат, триумфира во Премиер лигата, во Лигата на шампионите, во ФА купот, на Светското клупско првенство.

Поради ова, светските медиуми се кренаа на нозе против изборот на Меси.
Очекувано, најгласни беа медиумите од татковината на Халанд, Норвешка, кои обвинуваат за скандал фарса.

Остар беше и шпанскиот спортски весник „Ас“, кој исто така обвини за кражба.
Слично пишува и весникот „Манчестер сити ивнинг њуз“.

„Навивачите на Манчестер сити се гневни поради чудната одлука во врска со Ерлинг Халанд на доделувањето на наградите на ФИФА. Напаѓачот на Манчестер сити беше фаворит за освојување на наградата, но загуби од Лионел Меси. Тие двајца беа израмнети во бројот на освоени бодови по гласањето на селекторите, фудбалерите и навивачите. Тие имаа по 48, па пресудија гласовите на капитените на репрезентациите, и тоа во корист на Аргентинецот“, пишува весникот.

Шпанската „Марка“ смета дека изборот е скандалозен бидејќи ФИФА пропуштила попрецизно да им објасни на гласачите (селектори и капитени на репрезентации, новинари и навивачи) кој период треба да се земе предвид кога се гласа, односно не е нагласено дека Светското првенство во Катар на кое победи Аргентина не се зема предвид.

За ФИФА уште еден поразителен податок е тоа што на свечената церемонија која се одржа во Лондон не се појави ниту еден од тројцата главни кандидати за наградата, Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести