Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека е задоволен што неговата репрезентација го неутрализирала Кристијано Роналдо, кој синоќа на мечот Франција – Португалија бил „невидлив“, но голем број играчи на селекцијата која е светски првак, на социјалните мрежи објавуваа фотографии на кои се појавува и големата ѕвезда на Јувентус и светскиот фудбал.
На Мбапе, Погба, Кимпембе и Лукас Ернандес, им беше чест што играле против еден од најдобрите фудбалери во историјата, па тоа го споделија и на социјалните мрежи.
Самиот Роналдо истотака објави една фотографија од синоќешниот меч. На сликата се тој и Рафаел Варан. Роналдо и Варан долги години беа соиграчи во Реал Мадрид и нивното пријателство уште трае, па Португалецот и Французинот прегрнати заедно го напуштија теренот.