Светското клупско не е економски атрактивно

Во многу работи попрестижно е да си европски, отколку светски клупски првак, а истото е и според паричните награди. Така, победникот од денешното финале помеѓу Реал Мадрид и Ал Аин, ќе заработи 5 милиони евра, што е смешно во споредба со наградите кои се добиваат во Лигата на шампионите.

Победникот на наредното финале во ЛШ закажано за 1 јуни во Мадрид, само за таа победа ќе заработи 19 милиони евра. Секоја победа во елитното европско натпреварување носи 2,7 милиони евра.

Реал и Ал Аин повеќе ќе играат за престиж, за логото на ФИФА на дресот. Ниту на трибините нема многу публика кога не играат европските или јужноамериканските клубови. На дуелот Кашима – Чивас од четвртфиналето, на трибините во Абу Даби имаше само 3.000 гледачи. Просекот на гледаност од година во година паѓа, па затоа и Џани Инфантино има идеја овој настан да се одржува на секои четири години, со 24 клубови учесници.

- Оглас -

Најнови вести