Светското клупско првенство со револуционерна промена – ќе играат 24 екипи во Кина

Кина ќе биде домаќин на историското прво Светско клупско првенство во 2021 година, на кое ќе учествуваат 24 екипи. Оваа одлука едногласно беше донесена на состанокот на Извршниот комитет на ФИФА одржан денеска во Шангај.

Наместо како што е сега праксата турнирот да се игра во декември, со новиот формат турнирот ќе се игра во јуни и јули. Екипи од целиот свет ќе бидат во трката за планетарен владетел. Ќе има осум групи во кои ќе бидат сместени по три екипи. Само победниците ќе обезбедат место во четврт-финалето, каде што во нокаут-систем ќе се стигне до најдобриот.

Светското клупско првенство за првпат се одигра во 2000 година, а од 2005 се оддржува секоја година. Системот беше да настапуваат само седум клубови. Реал Мадрид со четири трофеи е рекордер, пред Барселона со три титули и Коринтијанс со две.

Светското клупско првенство оваа година ќе се одржи во Катар, а честа на европските клубови ќе ја брани Ливерпул како актуелен освојувач во Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести