ПСЖ е нов европски фудбалски владетел. „Светците“ со убедливи 5-0 го совладаа Интер во финалето од Лигата на шампионите во Минхен и го освоија својот прв трофеј од елитното натпреварување.
Победникот се насетуваше уште после само 20-тина минути игра, кога ПСЖ веќе имаше убедливи 2-0 со головите на Хакими и Дуе, а тој резултат остана се до паузата.
Во вториот дел распад-систем во Интер. Дуе вторпат стрела прецизно во 63-тата минута, а Квича Кварацкелиа само десет минути подоцна зголеми и на 4-0.
Конечните 5-0 ги постави Мајулу во 87-мата минута за најубедливата победа во историјата на финалните дуели од Лигата на шампионите.