-1.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Светците испишуваат историја, никогаш немале поефикасна година од 2025

Пари Сен Жермен ја привршува годината која е историска за францускиот тим. Светците прв пат станаа европски прваци, повторно беа најдобри во Франција, освоија многу трофеи, а до крајот им следи предизвик да го освојат и Интерконтиненталниот трофеј, каде за противник го имаат Фламенго од Бразил. Финалето ќе се игра на 17 декември во Доха.

Без разлика што ПСЖ има уште мечеви да игра во 2025 година, по победата над Мец, францускиот првак постави неколку рекорди. За ПСЖ ова беше 49 победа во оваа календарска година, со што го надмина рекордот од 2017 година кога имаа 48 победи.

Освен рекордот по бројот на победи, поставен е и нов рекорд и тоа по бројот на постигнати голови во една календарска година.

ПСЖ во 2025 година досега има постигнато 173 голови што е доволно да се надмине досегашниот клупски ркеорд од 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести