Sвезда ѝ продаде фудбалер на Астон вила за 9 милиони, си оди уште еден бисер за 8 милиони

Додека нашиот фудбал талка во мизеријата и калот на нашите фудбалски стадиони, во соседството се случуваат мегамилионски трансфери. Како бомба одекна информацијата дека Црвена ѕвезда ѝ  го продала на Астон вила младиот Коста Недељковиќ за 9 милиони евра.

Осумнаесетгодишниот фудбалер до крајот на тековнава сезона ќе остане на белградска „Маракана“, а дури во јуни ќе се пресели во редовите на премиерлигашот, а Црвена ѕвезда ќе има и 15% од неговиот следен трансфер.

Уште еден млад фудбалер на „црвено-белите“ од Белград е пред милионски трансфер, а се работи за Јован Мијатовиќ. Шампионот на Србија за него има понуда од 8 милиони евра на маса од членот на американската МЛС лига, Њујорк сити. Со оглед на висината на понудата, нема сомнеж дека таа ќе биде прифатена.

- Оглас -

Најнови вести