Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави конечниот список на фудбалери за настап на Европското првенство во Германија, а од него изненадувачки испадна ѕвездата на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте.
Тој не чекаше долго и веднаш ги спакува куферите и заедно со својата партнерка Патриција Ноарбе замина на одмор во Салвадор, од каде што објави фотографии од плажа и напиша „слобода“. Според фотографиите на социјалните мрежи, на Љоренте воопшто не му е криво што нема да игра на Европското првенство, а во замена за тоа ќе ужива на плажа со својата понежна половина.