Бекот на Баерн Минхен и репрезентативец на Канада, Алфонсо Дејвис, денес си постигна комичен автогол на пријателскиот дуел на неговата земја и Јапонија.
На водство од 1-0 за домашната Јапонија, Дејвис во обид да ја расчисти опасноста од пред својот гол, ја смести топката позади грбот на голманот Милан Борјан, кој за малку и ќе го одбранеше неговиот удар.
На крајот Јапонија го доби натпреварот против Канада со 4-1.