Sвездата на Баерн не сака да го продолжи договорот, чека повик од Реал Мадрид

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, одбива да потпише нов договор со “баварците“, бидејќи негова желба е да игра за Реал Мадрид и чека повик од “кралскиот“ клуб.

Неговиот договор со Баерн е со важност до 2025-тата година, но клубот од Минхен инсистира тој да биде продолжен и долгорочно да го задржи младиот 22-годишен фудбалер.

Моменталната вредност на фудбалерот според Трансфермаркет е 70 милиони евра, а Реал Мадрид не е подготвен да плати толкава сума. Од “кралскиот“ клуб се надеваат дека следното лето ќе можат да го ангажираат за помалку пари, бидејќи Баерн ќе сака да го продаде по секоја цена пред да го загуби бесплатно.

- Оглас -

Најнови вести