Фудбалерот на Манчестер сити, Родри, првпат стана освојувач на Златната топка, одлука која предизвика негодување посебно кај навивачите на Реал Мадрид, кои сметаат дека вистинскиот победник е Винисиус, иако Дани Карвахал беше фудбалерот кој освои сè што можеше да се освои во 2024 година.
Освојувачот Родри по манифестацијата изјави дека токму Карвахал е првиот кој му честитал. Иако не беше присутен во салата поради бојкотот на Реал Мадрид, сепак телефонски му се јавил.
„Разговарав со Карвахал, и тој ја заслужи наградата. Првиот повик кој го добив по манифестацијата беше од него. Тој е фудбалер со кого сум многу близок, посебно по повредите. Дели исти вредности како и мене, ми честиташе“, рече Родри.
Родри и Карвахал беа дел од репрезентацијата на Шпанија која го освои Европското првенство во Германија.