Манчестер сити се спасуваше од пораз против Арсенал во неделата, а конечните 2-2 ги постави Стоунс во 98-мата минута. Сепак, најголемиот проблем за Пеп Гвардиола е повредата на еден од клучните фудбалери, Родри, кој мораше да биде заменет само по 20-тина минути игра.
Првите претпоставки беа дека се работи за скинати лигаменти на коленото, потоа следуваше информација дека повредата и не е толку сериозна, но сега Родри допатува во Барселона, на прегледи кај докторот кого го нарекуваат Меси во медицината, Рамон Кугат.
Rodri has arrived in Barcelona ahead of further examination on a serious knee injury.
🎥 @marccnunezz pic.twitter.com/Y3JhMqXSZA
— City Xtra (@City_Xtra) September 23, 2024
Токму во Барселона ќе бидат извршени сите детални прегледи и ќе биде поставена дијагнозата, а тогаш ќе се знае и колку ќе отсуствува Родри. Доколку е она најлошото, скинати лигаменти на коленото, тогаш го очекува пауза од околу девет месеци.