15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Свилар киксна, Скалвини го искористи подарокот и донесе победа за Аталанта

Аталанта славеше минимална победа од 1-0 против Рома во дербито од 18-тото коло на италијанската Серија А, а клучниот момент на натпреварот беше големата грешка на голманот на „волчицата“, Миле Свилар.

Српскиот чувар на мрежата беше директен виновник за единствениот погодок на мечот, откако лошо интервенираше по еден корнер и му овозможи на Џорџо Скалвини лесно да ја смести топката во мрежата, носејќи ѝ победа на Аталанта.

Така, со горчлив вкус заврши враќањето на тренерот Џанпјеро Гасперини во Бергамо, град каде што ужива култен статус поради историските успеси со Аталанта, вклучувајќи го и трофејот во Лига Европа.

Рома можеше да ја расипе вечерта на домаќините уште на самиот старт. Во осмата минута Фергусон имаше две одлични можности, најпрво Карнезеки одбрани, а потоа Џимшити спречи сигурен погодок, интервенирајќи пред празен гол.

Казната следуваше брзо. Во 12-тата минута, по корнер за Аталанта, Свилар катастрофално реагираше, топката му помина низ рацете и заврши пред Скалвини, кој без проблеми го реализираше водството.

- Оглас -

Најнови вести