Репрезентацијата на Србија и фудбалерот на Швајцарија, Гранит Џака, имаат „долга историја“, а тоа продолжува и вечерва на мечот во Лесковац. Швајцарската химна жестоко беше исвиркана, а исвиркан беше и самиот Џака, кој остана смирен и не реагираше на свирежите од публиката. Со свирежи е „поздравен“ и секој допир на топката на швајцарскиот ререзентативец, а од трибините се слушаат скандирања „Косово е Србија“.
Според српските медиуми, пред натпреварот се случил инцидент помеѓу навивачите и полицијата, кои го спречувале внесувањето на транспарентот на кој пишува „Нема предавање“, а на кој ја има територијата на Косово прекриена со српско знаме. Во инцидентот е уапсено најмалку едно лице.