Играчот на Атлетико Отава, Балу Табла постигна прекрасен гол со ножички од 18 метри и зааслужи да конкурира за наградата „Пушкаш“ на ФИФА што се доделува за најубав гол во сезоната.
Играчот кој е роден во Абиџан, Брегот на Слонова Коска, но игра за репрезентацијата на Канада, воопшто не се мислеше во четвртата минута на дуелот со Кавалри и постигна фантастичен гол.
Погодокот на 23-годишниот играч на клубот од Отава можете да го погледнете ОВДЕ.
Табла има одиграно два меча за канадската репрезентација и се надева дека ќе биде меѓу патниците за Катар што ќе играат за Канада на Мундијалот во ноември и декември.