Таблата и судијата се виновни – Германците ја одбија жалбата на Фрајбург за 12-темина фудбалери на терен на Баерн

Германскиот спортски суд ја одби жалбата на Фрајбург за победа со службен резултат против шампионот Баерн Минхен по хаотичните минути на мечот, кога гостите имаа 12-мина играчи на теренот.

Баерн го победи Фрајбург убедливо со 4:1, но ги прекрши правилата на играта откако кус период од 86-тата минута имаше еден играч вишок на теренот.

Домаќините се жалеа, но денеска е одлучено дека Баерн нема да го загуби мечот со службен резултат и дека ги освои бодовите со победата на терен.

Челниците на Бундеслигата, односно Спортскиот суд на институцијата што е задолжена за регуларнст на германското првенство денеска донесе одлука дека Баерн не е виновен за грешката и дека конечниот резултат останува 4:1.

Вината е кај четвртиот судија, кој покажал погрешна бројка на таблата за измени, па наместо да излезе Кингсли Коман, кој го носи дресот со број 11 кај Баерн, на таблата стоеше бројката 29, што не ја носи никој кај Баварците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести