Ништо од ферплејот: Фрајбург сепак ќе прати жалба за тоа што Баерн играше со 12-мина играчи на теренот

Екипата на Фрајбург сепак одлучи да прати жалба до Фудбалската федерација на Германија поради тоа што неколку секунди Баерн Минхен играше со 12-мина играчи на теренот.

Иако тренерот на овој тим, Кристијан Страјх, очекуваше од раководството да не испрати жалба, бидејќи тоа не влијаеше на поразот од 1:4, сепак, се случи спротивното, а има и логика во сето тоа.

Фрајбург веќе ја испрати жалбата, а се надева дека тимот ќе добие службена победа и три бода, што би биле значајни во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Тие во моментов имаат 45 бода и се пласирани на петтото место, а со дополнителни три, ќе имаат исто колку и четврттопласираниот РБ Лајпциг.

„Одлучивме да испратиме жалба до Фудбалската федерација на Германија бидејќи ние на никаков начин не исфорсиравме грешка за да се направи оваа ситуација од противничката екипа.

Јасно е дека правилата се прекршени и се надеваме на чесна одлука од ФС на Германија“, стои во дел од соопштението на Фрајбург.

А за тоа како настана и кој ја направи целата брканица, можете да прочитате овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести