Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, кој лани освои сребрен медал на Олимписки игри, повторно ја израдува јавноста со златен медал на европското клупско првенство.
Дејан е член на ТК Бутел, а во првото коло на ЕП во Талин, Естонија, беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои златниот медал.
Златна стана и Мила Рељиќ од клубот Тигри. Таа имаше 4 борби во категоријата сениорки до 62 кг, и победи над претставнички на Италија, Украина и Египет, додека во финалето, противничката ја предаде борбата поради повреда.