Словенечкиот фудбалски клуб, НК Зрече, во голем пожар кој избувнал синоќа остана без клупските простории и комплетната опрема за тренинг и натпревари. Освен клупските простории, пожарот го зафатил и теренот. Зрече во моментов се натпреварува во четвртата лига на Словенија.
„Со тешко срце ве извествуваме дека ноќта на 31-ви август потполно изгоре нашиот сакан фудбалски клуб Зрече. Во пожарот настрада комплетната опрема како и просториите кои беа срцето на нашиот клуб повеќе од 60 години. Ова е голем удар за повеќе од 120 еца кои со ентузијазам тренираат во НК Зрече.“ – се вели во објавата на словенечкиот клуб.
Клубот ја сподели и трансакциската сметка и побара помош од сите кои можат да си го дозволат тоа, а на повикот веднаш се јавија останатите словенечки клубови, како и Фудбалскиот сојуз на Словенија.