4.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Тага во Чикаго и Сакраменто, за Булс и Кингс заврши сезоната во НБА

Мајами хит го победи Чикаго булс со 109-90, а Далас маверикс беше подобар од Сакраменто кингс со 120-106 во дуелите од плејин-разигрувањето во НБА-лигата, по кои стана јасно дека Жешките и Дивите телиња ќе имаат уште една шанса за да влезат во плејофот, а за Кралевите и Биковите сезонава е завршена.

Мајами ќе игра со Атланта, а Далас со Мемфис. Победниците одат во плејофот и ќе играат против првите носители Кливленд (Мајами или Атланта) и Оклахома сити (Далас или Мемфис).

Ентони Дејвис со 27 и Клеј Томпсон со 23 поени беа најзаслужни за победата на Далас. Томпсон даде 16 поени во клучната трета четвртина и на некој начин му се реваншираше на Сакраменто за елиминацијата во минатата сезона кога шутерот играше за Голден стејт и не даде ниеден кош на тој плејин-меч.

Херојот кој му ја донесе победата на Мајами во Чикаго беше кошаркарот чие презиме значи херој, тоа е Тајлер Хиро. Хиро со 38 поени, од кои 23 во првото полувреме, кога не примаши ниту еден шут, беше најзаслужен што Мајами трета сезона по ред ги елиминира Булс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести