Тага во Спортинг – Почина играч од познатата шампионска генерација

Спортинг Лисабон се прости од аргентинскиот фудбалер Маурисио Хануч, кој ја загуби најважната животна битка со ракот и почина вчеравечер во родната земја.

„Жалиме за трагедијата и загубата на најважната животна битка на Маурисио. Фудбалер и човек што ќе го паметиме вечно. Сочуство до неговото семејство“, објави Спортинг на својата клупска страница.

Хануч освои една титула со Спортинг, и тоа една од највредните на португалскиот гигант, во сезоната 1999/2000.

Маурисио е дел од шампионската генерација која во финишот на минатиот век го прекина постот од цели 18 години без пехар во португалското првенство.

Во редовите на Лавовите од Лисабон пристигна од аргентинскиот Индепендиенте во 1999 година и одигра 12 меча за Спортинг, кој потоа го позајмуваше на Естудијантес, Санта Клара и Бадахоз во текот на четиригодишниот договор што го склучија двете страни.

Маурисио играше за 13 клуба во кариерата, а почна и ја заврши кариерата во аргентински Платенсе.

- Оглас -

Најнови вести