Тајната операција на Ковач – Лука Јовиќ

Го преселија во Барселона, па Реал Мадрид, па сега германските медиуми имаат своја теорија околу иднината на младиот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ. Имено, „Билд“ тврди дека тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, поради поврзаноста со Ајнтрахт од блиското минато, во тајност стапил во контакт со екипата од Франкфурт за да преговараат околу трансферот на српскиот голгетер.

Ајнтрахт постигна договор со Бенфика за да може во целост да го откупи договорот на Јовиќ, цената е 12 милиони евра, со цел германскиот клуб да може дебело да заработи при негова евентуална продажба.

Според шпекулациите поврзани со Барселона, спомената беше сума од 40 милиони евра, што не е проблем за германскиот првак да го отвори ќесето.

Јовиќ е незадржлив во Германија. Сезонава, во 19 меча даде 14 голови, а имаше и четири асистенции. Во просек дава по еден на 93 минути поминати на теренот. Овие бројки беа доволни за фокусот на големите европски клубови да го насочат кон Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести