Хрватска со 4-2 ја победи Холандија во спектакуларното прво полуфинале од завршниот турнир во Лигата на нациите и за титулата ќе се бори со Шпанија или Италија.
Откако средбата заврши 2-2 по регуларните 90 минути, или поточно 97, а во 96-тата Холандија изедначи на 2-2, екстра периодот од 30 минути им припадна на гостите.
Бруно Петковиќ, кој влезе во игра на стартот на продолженијата, повторно се покажа како клучен џокер и даде убав гол со шут од далечина. Голот на Петковиќ погледнете го ТУКА. Напаѓачот на Динамо претходниот гол за Хрватска го даде исто така во продолжение, и тоа на СП во Катар против Бразил.
Ветеранот Лука Модриќ во 116-тата минута од пенал зголеми на 4-2 и ги реши сите дилеми околу победникот, а брзо потоа излезе од игра.