Тајсон Фјури пушти крв, но остана непоразен (Видео)

Тајсон Фјури изненадувачки тешко стигна до победа во дуелот со Ото Валин од Шведска и тоа со судиска одлука, откако двајцата боксери ги издржаа предвидените 12 рунди. Ова беше дуел на двајца непоразени, а на крајот Фјури беше тој што се радуваше, додека Валин ја заврши низата од 20 меча без пораз.

Судиите беа едногласни и со 3:0 му ја доделија победата на Британецот (116:112, 117:111, 118:110). За Фјури ова беше 29 победа во 30 меч, а има и едно реми со Дејтон Вајлдер, против кого ќе боксува повторно во февруари следната година.

Циганскиот крал како што е прекарот на Фјури, во текот на поголем дел од мечот беше подобар од Валин, но и Швеѓанецот успеа да зададе неколку чисти удари, па успеа да му ја пукне аркадата на Фјури.

И покрај тоа што имаше проблем да гледа на десното око, Фјури го контролираше мечот и на крајот стигна до победата. Борбата од целиот меч може да ја погледнете.

https://youtu.be/3rHLqwX3Xus

- Оглас -

Најнови вести