Легендрниот боксер Мајк Тајсон се подготвува повторно да влезе во рингот. Иако има 58 години, Тајсон го прифати предизвикот да боксува против познатиот јутјубер и боксер Џек Пол.
Полмалку од четири месеци има до бробата, а Тајсон вели дека се плаши, но дека токму тоа е нешто што го тера напред кон нови предизвици.
„Малку сум чуден. Што и да ме плаши, јас тоа го правам. Се плашев и за борбата против Рој. Бев претежок. Бев и стар, 54 години, но реков “Ајде да го направиме тоа“. Сакам да се соочам со сето тоа што ме плаши. Таква личност сум. Моментно сум преплашен. Сепак, секогаш сум чувствувал дека нервозата и предизвикот ме туркаат кон успехот. Ако го немав ова чувство, воопшто немаше да се борам. Мора да се има тоа чувство за да се посака да се влезе во рингот“, вели Тајсон.
За овој прифатен предизвик, Тајсон, кој е некогашен светски боксерски првак и еден од најдобрите на сите времиња, ќе заработи 20 милиони долари.
Mike Tyson admits he’s ‘scared to death’ about Jake Paul fight https://t.co/QQ4Ba5kMxg
— Fox News (@FoxNews) April 3, 2024