Мајк Тајсон ќе остане запаметен како еден од најдобрите боксери во историјата. За време на својата кариера тој правеше шоу во рингот, но често беше во центарот на вниманието и надвор од спортските активности. Преполн со секс и наркоскандали, Тајсон открива кога му било најтешко во животот. Во 2009 година Челичниот Мајк го допрел дното, а виновни за тоа се дрогата и алкохолот.
Пред 11 години Тајсон бил во хотелска соба со седум проститутки, кога во еден момент боксерот го фатило параноја и започнал да ги тепа девојките. Боксерот сега објаснува зошто направил таков испад.
„Лежев во хотелската соба и секогаш сакав да имам некој покрај мене. Дали тоа ќе биа проститутки или кученце, не е важно, важно беше да не бидам сам. Во еден момент бев со седум проститутки, а во моето тело имаше марухуана, кокаин, морфиум, вијагра и виски. Ме фати параноја и помислив дека тие жени ќе сакаат да ме ограбат. Почнав да ги тепам. Тоа беше мојата мрачна страна“, раскажува Тајсон.