Мајк Тајсон најави дека се враќа во рингот!

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон најави дека планира да се врати во рингот и да избоксува неколку меча за довротворни цели. Приходите од сите борби ќе одат за бездомниците и луѓето кои се зависници од дрога.

Тајсон откри дека веќе започнал да тренира, но дека ќе му биде многу напорно за да влезе до посакуваната форма.

„Почнав да тренирам, но нема да е лесно. Телото ми е уморно, измачено, чувствувам болка. Сепак нема да се откажам и тренирам. Ќе направам сѐ што можам за да се вратам во рингот и да го одработам тие неколку борби. Сакам да влезам во форма за да можам да издржам барем 3-4 рунди“, вели Тајсон.

Познат како Челичниот Мајк, тоа беше боксерот кој имаше блескава кариера и секако е еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Тајсон кој сега има 53 години, за време на својата профи кариера, боксуваше 58 пати, во кои оствари 50 победи (44 со нокаут), шест пати беше поразен, а два пати борбите биле без победник.

- Оглас -

Најнови вести