Легендарниот италијански фудбалер, Паоло ди Канио, кој поголем дел од својата играчка кариера ја помина во Англија, каде што подоцна работеше и како тренер, сега открива дека таксист одбил да го вози поради навивачки причини.
Ди Канио во тие моменти играл за Вест хем, а таксистот, кој од неговиот дом требало да го превезе до центарот на Лондон, до Најтбриџ, бил навивач на најомразениот ривал на Чеканите.
„Ми требаше такси и повикав едно. Кога дојде возачот, го спушти прозорецот и ме праша до каде сакам да одам. Откако му реков која е дестинацијата, тој ме праша дали јас сум Паоло ди Канио. Откако потврдно му одговорив, тој ми рече дека е навивач на Милвол и дека не може да ме вози. Јас му реков дека и така немаше да ми биде удобно возењето“, се потсетува Ди Канио на интересна случка од неговата кариера.