2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Тактиката „чекање да се отворат вратите“ пак им успеа на Мароканците

Двата меча на Египет досега на Африканскиот куп на нации, беа како пресликани, минимални победи со победнички голови на Мохамед Салах, и празни трибини на почеток, а полни на крај на средбите.

Имаше слаба посета на мечот Египет – Јужна Африка, па организаторите решија да ги отворат вратите околу 20-та минута. До полувреме трибините беа солидно пополнети, а на крај беа и речиси преполни.

Мароканците како домаќини сакаат да обезбедат најдобра можна атмосфера и полни стадиони со цел да изградат позитивна репутација пред Светското првенство во 2030 година, кое Мароко ќе го организира заедно со Шпанија и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести