Тимот на Шкендија до 19 години го доби противникот во првата рунда од младинската Лига на шампиони за оваа сезона. Талентите на тетовскиот клуб ќе се сретнат со тимот на Габала од Азербејџан, по што патникот во следната фаза ќе се одлучи во еден натпревар.
Првата нокаут-рунда е предвидена да се одигра на 2 и 3 март, додека ждрепката за 1/32 фазата ќе се одржи на 12 март, а Шкендија ќе биде дел од неа доколку слави против азербејџанскиот претставник.
Возбудлив натпревар се очекува да биде дуелот меѓу бранителот Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, како и поранешните европски шампиони Челзи и Салцбург.