Монтреал канедијанс е најдобриот тим сезонава во Северната дивизија, во која играа исклучиво НХЛ-тимови од Канада, а доминацијата ја потврдија со убедлив триуимф од 4:0 во плејоф серијата со Винипег џетс.
Ноќеска најтрофејниот клуб во најсилната хокеарска лига успеа и по четврти пат по ред да ги надигра Џетс, овојпат со 3:2 по продолженија и сега конечно ќе може да игра и со клубови од САД.
Тајлер Тофоли само по две минути игра во дополнителното време го постигна златниот гол за Монтреал, екипа која е убедливо најтрофејна во НХЛ со 24 титули.
Cole Caufield to Tyler Toffoli.
The overtime winner was a beauty for the @CanadiensMTL to send Montreal to the #StanleyCup semifinals. pic.twitter.com/EMGJOXcmc1
— NHL on NBC Sports (@NHLonNBCSports) June 8, 2021
Следен ривал ќе им биде победникот од возбудливата плејоф-серија меѓу Колорадо авеланш и Вегас голден најтс, каде што резултатот е израмнет на 2:2 во победи.
Сезонава поради корона-кризата канадските тимови играа во посебна Дивизија, наречена Северна, па дури сега Монтреал ќе има шанса да игра против американски клубови во полуфиналето на плејофот за титулата.
Блиску до полуфинале е и тимот на Њујорк ајландерс по победата против Бостон бруинс од 5:4. Во меч на кој имаа пет различни стрелци, Островјаните славеа на гостински терен и сега водат со 3:2, што значи дека им е потребна уште една победа за да го чекаат подобриот од плејоф-серијата меѓу Тампа беј и Каролина, каде што актуелниот шампион од Флорида води со 3:1.