Таман почна пак да игра – Нова опасност за Отвореното првенство на Австралија, Надал е позитивен на корона-вирус

Рафаел Надал е позитивен на корона-вирус и неговиот настап на Отвореното првенство на Австралија е неизвесен.

На организаторите на турнирот што ќе се игра од 13 до 30 јануари може да им се случи вистински дебакл без настап на трите големи тениски ѕвезди, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, сите со по 20 гренслем трофеи.

Надал по четири месеци пауза поради повреда, конечно се врати на тениските терени и играше на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Го освои четвртото место по поразите во завршницата од Мареј и од Шаповалов, а по враќањето во Шпанија направил ПЦР тест и е позитивен на ковид-19.

Проблем за организаторите на првиот гренслем во сезоната е што е неизвесно дали ќе игра и Ѓоковиќ, кој сè уште не се изјаснил дали е вакциниран, што е услов за настап во Мелбурн, а сигурно нема да игра Роџер Федерер.

- Оглас -

Најнови вести