Моќен е Ноле и Австралијците го знаат тоа – Императорот ќе игра во Мелбурн со потврда од лекарска комисија

Новак Ѓоковиќ е премногу значаен за тенисот и особено за гренслем турнирот во Австралија и тоа домаќините одлично го знаат, па ќе направат историска отстапка, само за да може Србинот да игра на новото издание на Австралија опен во Мелбурн.

Организаторите на турнирот од почеток беа на страната на Ѓоковиќ, кој се уште не се изјасни дали е вакциниран, а без тоа според законите на државата Викторија, која има јурисдикција на Мелбурн не може да игра.

Сега повторно им се спротивставија на властите и најавија дека ќе формираат специјална комисија од лекар по општа пракса, имунолог и епидемиолог. Пред нив невакцинираните тенисери ќе можат да објаснат од која причина не сакаат да се вакцинираат, па потоа тричлената комисија ќе одлучи дали тенисерот може да игра, или не во Мелбурн.

Ова по малку наликува на школските примери со познатите лекарски оправданија, па јасно е дека организаторите на турнирот сакаат по секоја цена Ѓоковиќ да игра на турнирот.

Вакви отстапки се прават за спортисти што оставиле вечен белег, а Ѓоковиќ на Австралија опен е најтрофеен во историјата со 9 титули и веројатно ќе има можност да атакува и на десетка, иако веројатно е дека и не е вакциниран.

Турнирот ќе се игра од 13-30 јануари на комплексот „Мелбурн парк“ и ако Ѓоковиќ игра и по 10-ти пат го освои турнирот ќе забележи уште еден значаен рекорд со 21-ва гренслем титула, што би бил најдобар ефект во историјата на играта.

Засега Новак, Роџер Федерер и Рафаел Надал го делат првото место на вечната листа со по 20 гренслем пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести