0.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Тами Ејбрахам се врати во Астон вила

Астон вила официјално го потврди ангажманот на напаѓачот на Бешикташ, Тами Ејбрахам. Дваесет и осумгодишниот фудбалер вторпат во кариерата ќе игра за клубот од Бирнингам, кој ќе му плати околу 21 милион евра на турскиот тим, плус можни бонуси.

За трансферот да стане официјален, прво Бешикташ мораше да ја активира обврзувачката опција од 13 милиони евра за купување на Ејбрахам од Рома, од каде што тој летово пристигна на позајмица. Веднаш потоа турскиот клуб го продаде напаѓачот на Астон вила.

Во насока кон Истанбул ќе замине младиот дефанзивец на Астон вила, Јасин Озџан, кој беше дел од договорот.

Ејбрахам ќе биде замена за Дониел Мален, кој замина во Рома. За Бешикташ, Ејбрахам одигра 26 натпревари, постигнувајќи 13 гола и три асистенции. За англиската репрезентација има 11 настапи и три погодоци.

Ова ќе биде втор престој на Тами Ејбрахам на „Вила парк“. Првиот беше во сезоната 2018/19, кога како позајмен играч од Челзи постигна 25 гола во 37 натпревари во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести