Тандемот кој го предводеше Ботафого до победа над ПСЖ е пред трансфер во Премиер лигата

Актуелниот јужноамерикански првак Ботафого славеше над европскиот владетел Пари Сен Жермен со 1:0 во меч од Светското клупско првенство. Малкумина веруваа дека Ботафого може да го победи забревтаниот ПСЖ, а посебно да го задржи во нападот без да постигне ниту еден гол.

Највредни играчи во тимот на Ботафого според „Трансфермаркет“, но и вистински лидери на теренот се двоецот Жиар Куња и Игор Жезус. Куња е млад 20-годишен стопер кој беше вистински лидер во одбраната во победата над ПСЖ. Од друга страна, Жесус е главен во нападот. Токму 24-годишниот напаѓач го постигна голот за победа на Ботафого против ПСЖ.

Уште пред да започне Светското клупско првенство, Куња и Жезус беа цел на англискиот премиерлигаш Нотингам форест. Сега, по одличните игри на клупскиот Мундијал, речиси нема дилема дека Нотингам ќе го доведе овој двоец да игра во Англија.

Се очекува Нотингам да плати 35 милиони евра вкупно за добивање на двајцата играчи на Ботафого, а трансферите треба да бидат реализирани по завршување на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести