19.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кратко се задржа во Скопје, Чупиќ по промоцијата во Вардар си замина во Загреб (Фото)

Ракометната легенда Иван Чупиќ денеска на пладне беше промовиран како нов тренер на Вардар 1961, но нема да остане долго во Скопје, веќе попладнево си заминува дома.

Некогашното крило на Црвено-црните кое со гол во последна секунда му ја донесе на Вардар првата европска титула, го начекавме на скопскиот аеродром, додека го чекаше летот за Загреб.

Чупиќ оди дома, а после одморот, се враќа во Скопје и ќе се фати за работа.

- Оглас -

Најнови вести