Тареми го однесе Иран на Светското првенство (Видео)

Фудбалската репрезентација на Иран се пласира на Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Денеска Иран одигра нерешено 2-2 со Узбекистан и обезбеди мундијалски билет, придружувајќи им се на домаќините на турнирот, САД, Канада и Мексико, како и Јапонија и Нов Зеланд како селекции кои обезбедија место на СП.

Мехди Тареми од Интер беше јунак на Иранците со два гола, вториот за 2-2 во 83-тата минута. Тој гол им донесе бод кој беше доволен за пласман на СП 2026.

Голот на Тареми вреден Мундијал кој донесе голема радост на стадионот во Техеран погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести