Татко ми и мајка ми ќе ми се налутеа ако го прославев голот против Шефилд

Со помош на бекот Кајл Вокер, Манчестер сити ги освои бодовите на вчерашното гостување кај Шефилд јунајтед во неговиот 100-ти настап за Граѓаните. Вокер кариерата ја почна токму во редовите на тимот од Јужен Јоркшир, а вчера мораше да ги реши Сечилата со својот прв погодок на гостински терен.

Иако беше среќен што му помогна на својот тим да запише победа, Вокер по мечот истакна дека не ни помислил да се радува на голот поради неговите родители кои живеат во Шефилд.

„Јас сум роден во Шефилд, татко ми и мајка ми живеат тука и се навивачи на Шефилд, така што ако го славев голот ќе ми беа лути“, истакна Вокер по мечот.

- Оглас -

Најнови вести