Кајл Вокер вечно ќе го памети денешниот гол

Манчестер сити освои три бода на гостувањето кај Шефилд јунајтед, и тоа благодарение на голот на Кајл Вокер. Бекот кој е поранешен играч на Шефилд, во својата премиерлигашка кариера има осум гола, а ова му е прв на гостински терен. За Вокер, стадионот во Шефилд не е класичен гостински терен, но сепак ќе му се брои како прв гостински погодок.

За Вокер, ова беше меч број 100 во дресот на Сити, а од осумте гола кои ги дал, шест му се со шутеви од далечина. Граѓаните на последните четири меча во лигата даваат само по еден гол, но никој не успеа да ги совлада (две победи и две ремија). Шефилд и понатаму не знае за победа.

- Оглас -

Најнови вести