Таткото на Хабиб во критична состојба поради корона-вирусот

Таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, е преместен во воената болница во Москва на дополнително лекување откако неговата состојба се влошила. Нурмагомедов сениор од 25 април води битка со вирусот kовид-19, но лекувањето во Дагестан не се одвивало како што треба и дошло до компликации.

„Абдулманап е во лоша состојба. Не го лечеа како што треба во Дагестан и се појавиле компликации, па затоа морало да го преместат во Москва. Семејството нема дозвола да го види“, пишуваат руските медиуми.

Во меѓувреме, ситуацијата со корона-вирусот во Русија се влоши, до вчера беа забележани повеќе од 240.000 случаи на заразени, додека околу 2.200 лица ја загубија животната битка.

- Оглас -

Најнови вести