Саша Дончиќ моментално е спортски директор на словенечката кошаркарска репрезентација. Освен тоа, тој е и татко на најдобриот словенечки кошаркар, еден од најдобрите на денешницата, Лука Дончиќ.
Токму Лука беше во центарот на НБА откако неодамна беше дел од една од најнеочекуваните размени, кога мораше да си замине од Далас и да го облече дресот на Лос Анџелес лејкерс.
Саша Дончиќ беше гостин на хрватската телевизија, каде што го запрашаа дали неговиот син е подобар од легендарниот Дражен Петровиќ.
„Дражен сепак е Дражен. Тој е легенда. Лука е уште далеку од тоа, но мислам дека е на добар пат. Не би ги споредувал. Секој во своето време е еден од најдобрите. Мене ми е мило дека некој од Европа покажува дека и порано и сега се игра добра кошарка“, рече таткото на Лука Дончиќ.
Дражен Петровиќ беше во врвот на својата кариера, која во сообраќајна несреќа во Германија го загуби животот во далечната 1993 година.