Таткото на Нејмар открива: „Мојот син си замина од Барселона за да не биде поголем од Меси“

Бразилскиот интернационалец Нејмар во 2017 година го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кога од Барселона се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, што е сè уште рекорд.

Неговиот татко седум години по овој трансфер ја открива причината за одлуката на неговиот син да си замине од Барселона, иако неговата желба била тој да остане во Каталонија до крајот на кариерата.

„Одлуката за заминувањето беше негова, тој сакаше да оди во ПСЖ. Бевме во тешка ситуација во Барселона, не знаевме што мисли раководството на клубот. Мислевме дека клубот сака тој да го преземе местото на Меси, а Нејмар не го сакаше тоа. Одлучи да замине. Јас сакав да остане сè до последниот ден, но тој сакаше да го напушти клубот за да не го заземе местото на Меси и да биде најголема ѕвезда во екипата“, вели таткото на Нејмар.

Бразилецот во периодот од 2013 до 2017 година за Барселона одигра 186 натпревари, на кои постигна 105 гола, а имаше и 76 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести