Таткото плаќа 20 милиони долари, синот ги крши болидите во Формула 1 (Видео)

Никита Мазепин повторно успеа да го „искрши“ болидот на Хас, тим за кој вози во Формула 1, а му се случи нов инцидент, овојпат во Имола.

На подготовките за трката во Ф1 што ќе се оддржи викендов, 22-годишниот руски возач на слободниот тренинг излета од патеката и го оштети болидот.

https://twitter.com/juliamesquitajj/status/1383000406301810692?s=20

Русот и претходно имаше многу пехови и на дебито во Бахреин вкупно за треите дена дури петпати се изврте на патеката, а на главната трка го заврши настапот во третиот круг кога заврши во заштитната ограда.

Мазепин е често напаѓан дека неговиот татко плаќа по 20 милиони долари, како инвестиција во Хас, само за да му овозможи забава на синот, кој е мераклија за учество во Ф1 циркусот.

 

- Оглас -

Најнови вести