Тажен и брутален крај на кариерата за Федор (Видео)

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња Федор Емелијаненко, синоќа ка имаше веројатно последната борба во кариерата.

Федор за крај на кариерата го претрпе и најбруталниот пораз, бидејќи борејќи се за титулата првак на светот во организацијата Белатор, загуби од Рајан Бадер после само 35 секунди. Американецот со разорно кроше во левиот дел од брадата на Емелијаненко го нокаутираше Русинот, па некогаш моќниот Федор, остана беспомошно да лежи на подот и судијата го прекина мечот.

Бадер влезе во историјата како прв борец од Белатор кој истовремено држи титули во две категории, бидејќи е шампион и во полутешка категорија. Се чинеше дека Федор ја проживува својата втора младост, но неговите фанови се разочарани и извесно е дека тој ќе се повлече и оти ова му беше последна борба во кариерата.

Погледнете го нокаутот на Бадер против Федор:

https://twitter.com/i/status/1089381389848301568

- Оглас -

Најнови вести