Тажна ноќ за челичниот џезер – Пет години не пропушти меч, повредата му ја уништи серијата од 418 настапи по ред

Џое Инглс ја заврши импресивната серија од 418 натпревари на кои настапи по ред од 16.декември 2015 година, а повредата на ахиловата тетива не му дозволи да биде на паркетот ноќеска против Милвоки бакс.

Челичниот џезер од Јута имаше одличен серијал настапи без прекин во последните пет и нешто повеќе години, што до ноќеска беше и најдолгата активна серија во НБА лигата.

Јута успеа да го победи Милвоки како гостин со 131:118 во ноќ во која беше ставен крај на најдолгата активна серија на натпревари на Џое Инглс.

Сезонава Инглс бележеше по 10 поени во просек, што е солидно за резерва и коашаркар на 33 години. Апсолутниот рекорд без прекин го држи легендата на Лос Анџелес лејкерс, Еј-Си Грин со неверојатни 1.192 меча одиграни по ред.

Инглс сега му ја предаде палката на Кори Џозеф, бекот на Сакраменто, кој има одиграно 272 натпревари без прекин во НБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести