Со Кари никогаш не се знае – Ги растури ѕвездите од Холивуд со 38 поени и 9 тројки (Видео)

Стефон Кари и буквално го влече тимот на Голден стејт кон позитивен скор на победи и порази во НБА лигата, а Воините предводени од големата НБА ѕвезда, ноќеска приредија голем подвиг против Лос Анџелес клиперс.

Кари постигна 38 поени, погоди 9 тројки, а Голден стејт анулира негатива од 21 поен и победи убедливо со 115:110. Ова беше реванш на популарните Воини за поразот од истиот ривал пред две ноќи.

Тогаш Кари постигна само 13 поени  во поразот од 101:108, но сега беше расположен за игра и ги декласира противниците.

„Тоа е големината на Стеф. Ова го прави со години наназад. Успеа да одигра врвна кошарка, само два дена по слабиот ефект. Тој е голем лидер на тимот“, изјави Стив Кер, тренерот на Голден стејт.

Домаќините примија дури 65 поени во првото полувреме, но потоа одиграа врвна одбрана со само 40 примени поени во вториот дел и сега имаат позитивен ефект од пет победи и четири порази.

Рекордни 20 тројки постигнаа кошаркарите на Торонто репторс во убедливата победа од 144:123 против Сакраменто на гостински терен.

Фред Ван Флит со 34 поени го предводеше прекланскиот шампион до втората победа во осмиот меч сезонава, а на Паскал Сијакам му фалеше само еден скок за трипл-дабл во ноќ во која постигна 17 поени, со 12 асистенции и 9 скока.

Резултати: Детроит – Феникс 110:105 по продолженија, Бостон – Вашингтон 116:107, Њу Орлеанс – Шарлот 110:118, Њујорк – Оклахома 89:101, Хјустон – Орландо 130:92, Мемфис – Бруклин 115:110, Милвоки – Јута 118:131, Голден стејт – Л.А. Клиперс 115:105, Л.А. Лејкерс – Чикаго 117:115, Сакраменто – Торонто 123:144.

 

- Оглас -

Најнови вести