Фламенго со 3:0 славеше на гостувањето кај Бангу во првиот меч одигран во Бразил по пауза од повеќе од три месеци. Стадионот на кој се одигра дуелот беше празен, без присуство на гледачи, нешто што во Бразил досега беше незамисливо.
Иако фудбалот се врати, има клубови кои најавија дека поради стравот од Коронавирусот, нема да играат. Водечките два клуба Ботафого и Флуминесе, реагираа дека се против продолжување на мечевите. Бразил е втората најпогодена земја во светот од опасниот вирус. Во оваа јужноамериканска земја има голем број на заболеми и починати, а единствено САД е со поголем број на починати од Коронавирусот.