Тажна снимка, легендарниот фан на Партизан испратен со неговата омилена навивачка песна (Видео)

Деновиве е многу тажно да се биде партизановец, им починаа неколку значајни личности, како тренерот Радомир Антиќ, некогашниот играч од златната генерација од 60-тите Ранко Борозан, претседателот на тенискиот клуб Душан Грујиќ и навивачот Мирослав Гајиќ, познат како Миша Тумбас, кој го обожуваа сите.

Денеска на гробишта во близина на Белград беше погребан големиот и искрен навивач, а поради правилата за време на вонредната состојба, не се дозволуваат собири на јавни места, па последното испраќање беше со само 10 луѓе, меѓу кои и претставници на фудбалскиот клуб Партизан, како Ивица Илиев и Саво Милошевиќ.

Партизан ги плати сите трошоци за погребот бидејќи Миша немаше семејство и роднини.

Посебно емотивен момент беше кога пред да биде спуштен ковчегот, беше испеана омилената навивачка песна на Миша.

- Оглас -

Најнови вести